Monday, January 7, 2013

Ноќни пеперутки


24.03.2008


...Се смеам,
Седиме меѓу четири ѕида сами.
Денот нека е нивен надвор, а овде ноќта наша
Луксузна тишина во твоите гради
Додека градот стравува за својот испарен живот
Ти ги пребројуваш деновите мои
Не плаши се,
и јас ја носам твојата болест.
Гаранцијата за живот под ликвидни ѕвезди
Симфонија од кашлици, и камени реки
Никој не би го земал она што го давам
Непознат е изворот, 

златна фонтана
  Но јас сум мала пеперутка оловна
И знам да плетам само за себе
Кратко е, но ќе ни трае
Од тука до векот
Активирани од мирис на зелен танц
Веднаш тргнуваме кон наредната ноќ
Одиме зад небото од картон
Над месечината која виси на нечист конец
Преку капиталистички звучни поеми на чудовишни старци
Облечени во фустани на принцези
Ќе одгледуваме темни рози
Кои растат само еднаш
И ќе му ги продадеме на светот
Зашто цел свет е само зрак низ ролетната
Беспомошен и без блесок.
Светлината слуша,
Се движи во бесен провев
Свеќата ја снема.
Признај ми веднаш,
Зошто си древно стар
И успевам во мракот како шаренило да те гледам
Кога црната ноќна пеперутка е нашето вистинско тело?

No comments:

Post a Comment