20.06.2008
Нема вечно да бегам од желбата врз која ми се залепени мислите,
Зашто веќе ја гледам во секое дрво и стакло.
И ме боли.
Затоа ајде веднаш да си одиме дома, на забранетиот брег.
Зашто веќе ја гледам во секое дрво и стакло.
И ме боли.
Затоа ајде веднаш да си одиме дома, на забранетиот брег.
Дома не е само огниште со топла супа врз белата прекривка.
Дома е сатанизам и изработување на чадори.
Дома е и одбиената голтка илузија.
Дома е празна автобуска станица, со дури два улични фенера.
Дома е златна јаболкница полна цреши.
Дома е сатанизам и изработување на чадори.
Дома е и одбиената голтка илузија.
Дома е празна автобуска станица, со дури два улични фенера.
Дома е златна јаболкница полна цреши.
Се што ни раѓа душата е немарно посеано низ тоа сјајно поле пченица полно одвратен мирис од здивовите на ситните животинки, но безгрижно оптегнато под небо на авиони.
Дома. Јас и јас, две големи лажици и никакви грижи.
Што ли денес ни искикотија прозорците на тајната?
Не грижи се најмила Јас,
Сè ќе ни каже првиот фотографиран здив на зората.
Дома. Јас и јас, две големи лажици и никакви грижи.
Што ли денес ни искикотија прозорците на тајната?
Не грижи се најмила Јас,
Сè ќе ни каже првиот фотографиран здив на зората.

No comments:
Post a Comment