Monday, January 7, 2013

XXX

29.06.2008




Бројам скали на дното на свеќата,
Истекувам заедно со нејзината раздвоена утроба;
Само таа на мојот вистински дом ме потсетува.
И како што во себе гордо носи провидност на око што низ вода до оганот патува,
така и јас чекам пламени јазици да ме однесат до густината на осеката.
Таму ѕидот што скокотлива пареа чува,
ќе израсне во две жолти езера.
Штом вратите на возот се отворат,
се што не се гледа ти е на дофат.
Штом дувне шепотот на тивките
низ лозата над мојата омаена глава тие туѓи духови нежно ќе се сронат.
Трудејќи се на овој јазик да творат
Посакувајќи  да опишат пејсажи во невидливи контури.
Да пратат од нас празна фотографија таму,
Да предупредат за ваквата болка, која не сакам ни да знам како се вика
.







No comments:

Post a Comment