03.06.2008
Иднина заштрафена во моментот.
Утрото спие.
Фрижидерот зуе со шепот.
Завесите одбиваат сами да се кренат.
Телевизорот пластично молчи.
Кујната е само купче ентериер од рециклирана хартија без неговиот мирис.
Пламенот вчера имаше пребрз јазик.
А денес телефонот не ѕвони.
Или не го слушам?
Бидејќи ветрот го мрзи.
И олтарот на изгрејсонцето прекорно чека.
Без Сонце, без Воздух,
Универзумот станува вакуумирана паштета.
Билките бурно одбиваат да дишат.
А луѓето спијат ко замрзнато месо.
Со глуждовите голи.
Покриени од млаки облачиња никотинска реа.
Ах, кога на светот сеуште би постоело кафе.
Ах, кога на светот сеуште би постоел ти.
Дури и пред да ги измијам забите
Сфаќам дека без вас двајца ќе остарам како млада и здрава.
Без твоите штетни здивови, непобелена и мазна.
Ќе имам што да чешлам.
И срцето нормално ќе ми чука.
И повеќе ќе боли празнотијата кога нема ништо да ја труе.
Од болката ќе правам слатко во мојот старечки дом на хоризонтот.
Од плакарот ќе ѕирка скапан бел фустан од ‘73та.
И навечер кога ќе пеат црни дечиња за песокот
Јас пак ќе замижувам по твоето кафе.
Ќе се сеќавам како ме снема.
Како не поверува кога реков ќе заминам...кога ќе ти претече втор пат.

No comments:
Post a Comment