17. 07 2008
Тивко.
Нема да тропнеме.
Нема да ја разбудиме.
Три пати замавнаа крилјата црни
И три светлини донесоа со себе
Еден, два, три
И кралот ја изгуби главата во калта
И главната улога во кафезот стана моја.
А гавранот уште три пати првна
Блесна
Молкна
Пердувите му се одвоија од своите места
За да го вкусат исплашеното лице
И пак совршено се вратија назад
Замокот ми се претвори во песок.
Но не стркалав дланка полна крваво перје
Ниту вреснав лажна клетва
Ниту посакав да ме спаси некој
Ниту се исполнив со бесмислен пркос.
Им ја фрлив војната на ликовите од лошите сказни
И го бакнав челото на кралот.
Над ноќното трње
Гледав како црните крилја ме носат.
Нема да тропнеме.
Нема да ја разбудиме.
Три пати замавнаа крилјата црни
И три светлини донесоа со себе
Еден, два, три
И кралот ја изгуби главата во калта
И главната улога во кафезот стана моја.
А гавранот уште три пати првна
Блесна
Молкна
Пердувите му се одвоија од своите места
За да го вкусат исплашеното лице
И пак совршено се вратија назад
Замокот ми се претвори во песок.
Но не стркалав дланка полна крваво перје
Ниту вреснав лажна клетва
Ниту посакав да ме спаси некој
Ниту се исполнив со бесмислен пркос.
Им ја фрлив војната на ликовите од лошите сказни
И го бакнав челото на кралот.
Над ноќното трње
Гледав како црните крилја ме носат.

No comments:
Post a Comment