09. 07. 2011
.
јас сум самовила!
секој ден
станувам се полесна
се смалувам,
лицето ми се собира
и кашлам се
повеќе
поради ебениот
самовилски прав.
грдотија исцедена
од зјапања
- за мене си
најубава, најмила!
психо-квиз
сакам да заспијам
а неможам
се прашувам
колкумина се мачат
во овој момент на
овој начин
преговарајќи со
својата мозочна маса
по секоја цена
на овој свет и во
водата...
јас сум принцеза!
секојпат кога ќе
ме наречеш така
но можам да се
преформулирам и во обичен отпад
повторно, според
твојата волја
од тебе зависи
мојата слика,
ти ги развлекуваш
конците на перницата
ти и вдахнуваш
жив дух на мојата неподвижна материја
Залудно.
твојот поглед се
менува
со секоја нова
месечева мена
а твојата љубов и
прошка се условени
од ефтиноста на
моменталните расположенија
стругајќи го и
последното парче малтер
од мојата лабава
фасада што сонува за стабилност
како девојче за
вљубена младост.
после краткиот стој
на прсти
пак застанувам
цврсто на земја
и се здогледувам
себеси во твоето неправилно дишење
на круната ми
пишува:
омилено парче
месо
за поигрување и
гризење.
.
.
No comments:
Post a Comment