17. 09. 2008
сакам да не постојат.
моите или нејзините црни локни?
крвавото коленце на мојата црнокоса кукличка,
сакa да го закопа под скалите грамофонот од војнатa.
јас само сакам да ти зашијам копче на палтото,
есен е, врне.
денес,
сега.
јас сум сега твојот празен вагон,
треба да купиш карта и да влезеш,
треба внатре да запалиш цигара, да ме исполниш со чад,
но и да се држиш цврсто,
бидејќи заборавив да ти кажам,
немаме локомотива...

No comments:
Post a Comment