07. 03. 2009
Е!
Со мало закаснување (споредено со датумот на промоцијата), мерак ми е да изјавам и овде дека тазе издадов книга. Добро, крајот на јануари е сеуште тазе, нели?
- Напишано од официјалната страница на општина Велес
Ново име на велешката книжевна сцена
Вчера (03.02.2009 година) во Ликовниот салон беше промовирано првото литературно остварување на Марија Грубор.
Книгата „Ликвид“ на оваа млада велешка авторка е спој на поезијата и прозата, филозовско-љубовна размисла што жанровски отскокнува од вообичаените литературни клишеа. Токму затоа многубројната публика беше пријатно изненадена и видно затечена од зрелоста на изразот на младата авторка.
Марија Грубор е ученичка во Гимназијата „Кочо Рацин“. Вешта во користењето на изразот и компонирањето на зборот, на голема врата влезе во кругот на своите истомисленици. За очекување е брзо да продре во светот на литературата и со ист успех да ја освои и публиката надвор од Велес.

Да кажувам описи за книжето, нема потреба. Блогов видел скоро се од тоа.
Арно ама, сакам сега веднаш одма да му изјавам љубов и благодарност на нашиов блогерај, без чие битисување во интернет-сферата немаше да дојдам до оваа идеја.
БЛАГОДАРАМ БЛОГЕРАЈ!
Иначе, оваа хардкопи верзија која меѓудругото содржи голем дел од моите блогерски чкртанки, може да се најде во онаа huge книжарница на Матица спроти студентскиот дом Кузман. :) Мал број примероци. Ако се најде некој среќник што ќе ја ѕирне, чекам коментар!

No comments:
Post a Comment