10. 09. 2008
По обичај, црвенокосата задоцни во приказната.
Улогите веќе биле разделени, романсата потрошена.
Радосните ноти исвирени, распрснати.
Смеата до смрт искрварила.
Само свечена пепел, срушени столбови.
Брадосани ликови како бавно си ја џвакаат слободата.
Звук на р'ѓосан метал како мрзливо им пее во жилите.
Живот испарен во крвави медали.
Очите на камената статуа експлодираат:
Доцна е девојко, не враќај се другпат.
Остави го сјајот меко да ти се одлизга од лицето
Цврсто склопи го клунот
Одлетај од мојата статуа
Одлетај ми од голите рамена
Откопај ги канџите од мермерот
Заборавај.

No comments:
Post a Comment