Monday, January 7, 2013

- зад завесите -

26. 06. 2008




 Не плаши се да ми се приближиш, мастилаво небо!


...кога од мене не се плаши ни јазикот на фантомот...
Испушти го бавниот здив и следи ми го допирот се до утрото
...нежно, низ металниот чекор на создавањето... 
Доволи да те истражувам се додека имам сок во телото...
...дозволи да те исполнувам се додека сосема не го исцедам од него
...а во кристалната топка ќе шепоти моето ехо...
Сакам веднаш да те облетам со крилјава!
...исечени од наросени папрати...
Затоа дојди поблиску и стопи ми ги рабовите,
...без кои конечно ќе бидам втисната во бескрајот над шумите... 
И да го испуштам немирниот живот во облаците...
...од каде тогаш  ќе заврне...
светлиот...
дожд...

No comments:

Post a Comment