Monday, January 7, 2013

Не купувајте громобрани...

06. 06. 2008



...бидејќи мирот се спојува со нашите бледи лица само во еден случај.
Само после громот.
Кога четирите темни човечки очи го милуваат својот феникс кој мирно спие во неговата вчерашна пепел.
Во глетка која начнува милион зборови за секој милиметар од сферата на поимот нежност.
И во некогашната ништожност капнува мирната силуета.
А гранките надвор од црното дувло почнуваат да се наросуваат со бескраен лесен дожд.





Велам, помирени се со себе остатоците од вчерашните бури.

No comments:

Post a Comment