26.04.2008
Ни гасне огнот мила,
Но свежа топлина чекаме од игривите екстреми.
Како пролетна бездна, лесен станува овој воздух?
Краткиот чекор се мине на прсти.
Краткиот престој го минеме вечно.
Околу креветов упорно се прегрнуваат продорни светла,
А замачканите сенки одново го темнат.
Околу креветов има манастирски ѕидови, чисти и сјајни,
Но врз нив прикриени коските на стари цртежи демнат.
Со многу кругови а само еден центар?
Јадрото е необоено, секогаш им бега.
А тие се трудат наивно да ја замолкнат својата форма.
Зашто и најмалиот провев во оваа слободна мисла,
Во сенишна челуст на змеј се затвора.
Среќни, сенките се смеат!

Овде седат сите.
И девојките кои си играа со мене,
Некогаш покрај реката.
Велат,
Остарел светот.
И сево ова време плачеле сите зрна?
А јас допрва наслушнувам.
Дали со иднината повторно ќе испливаат
Зелени магии во брановите на расплаканиот песок.
Вреди ли дотогаш сонливо да чекаш,
Тагата по вистината
Да ја смие како нечист бакнеж туѓиот вресок?
Затоа што паметам.
Од овој вртлог еднаш излеговме боси.
Променети со новите богатства бевме,
Во лузни од се што пијанството носи.
А сепак останавме исти,
Сеуште со истата црна дупка меѓу гради и бедра.
Копче на живот?
Не колне со визија постара од дното.
Не колне со глас на измешани здивови:
Колку светлосни, години
Се одалечивме од себеси?

No comments:
Post a Comment