12.06.2008
Мостот кој припаѓаше на стариот император молкнува кога пијаната војска надоаѓа.
Се збрчкал,
Веќе не ги исполнува чекорите.
Се срушил,
Се раздвоил како пукнатина што допира до срж.
Се исушил,
Се стуткал и плови во сопствениот вик.
А под него,
Јас, сирена која повикува во смрт.
Јас, морнар разбиен од карпа.
Наоколу под врбите еднаш листаа лалиња на смарагдот;
Се будеше водата во сочните мравки;
Се мешаа пастелното изгрејсонце и безгрижноста на потоците;
Се преплавуваа неорганизирано и исполнето;
И шарените лисја му ја цедеа својата боја на светот.

...Но тогаш часовникот остана гладен,
па ни го изеде преценетото време.
Живеам да заборавам колку тажно беше,
да не си човек на местото каде дојдоа сите луѓе.
No comments:
Post a Comment