18.06.2008
Под врбите заспав
Сонував љубовник од топен шеќер
Посладок и од бремената месечина
Понасмеан од наросена почва
Сонував љубовник од топен шеќер
Посладок и од бремената месечина
Понасмеан од наросена почва
Врз мовта го однесов
Бестрашна и сама
Возбудата на зениците
Бучно ми капеше врз образ
Дур им пеевме на градите од свила
Во реката се разбудив
Ме дувнале топлите светулки
Си ги најдов градите
Живи закопани во плоден талог
Ме дувнале топлите светулки
Си ги најдов градите
Живи закопани во плоден талог
Кон мовта пак погледнав
О, тоа си бил само ти...
Ајде изеди ме
Знам, се потрошил румот
Знам, само за тоа си дошолРаспарчена да ме имаш во себе
Јас сакав да ти кажам друго
Но ќе ти дозволам уште еден последен пат
Изеди ми го мирисот
И зелените очи кои ги немам
Остави ми ги само градите
Живи закопани во речниот талог
Нека сонуваат.
О, тоа си бил само ти...
Ајде изеди ме
Знам, се потрошил румот
Знам, само за тоа си дошолРаспарчена да ме имаш во себе
Јас сакав да ти кажам друго
Но ќе ти дозволам уште еден последен пат
Изеди ми го мирисот
И зелените очи кои ги немам
Остави ми ги само градите
Живи закопани во речниот талог
Нека сонуваат.
--------------------------------------------------------------------------
Oh silent Goddess of my soul...
Abre--los--ojos!
Abre--los--ojos!

No comments:
Post a Comment