Monday, January 7, 2013

Вампирство

31.05.2008



Се што ќе помислам...не сакам да е точно, не сакам да е реално.
Дали немам отворена шеста чакра, гледам илузии?
Често една со тебе, како ја вршиш мојата функција.
Како имаш љубоморни испади, минеш часови пред огледалото, двапати неделно пробуваш нови маички, ми ја држиш раката и ме бакнуваш во челото, ги чупаш веѓите почесто од мене и моите недраги врснички.
А јас тогаш сум конечно вампир на раат.
Со испиени очни дупки, од љубов!
Со стомак вовлечен во себе и залепен за грбот од заборавање на било каква исхрана, мастило по дланките и ноктите, негрижливо порасната коса, заринкана на рапави усни.
Толку мило си седам подгрбавена на долгиот кревет и додека одам се подлабоко во замислен транс пак ја заборавам устата подотворена.
Наскоро се сепнувам, се враќам во физички претсмртната реалност и почнувам да зборувам за бикови и екстензивно сточарство.
И престанав да пушам.
Види се, шо си убав, најубав, блесковиден, моделиран за да те фати човек за раче и да те шета; а јас како да сум сеуште заглавена само во намерата да се освестам, со впечатлива чоколадна дамка на пижамата замижано те перцепирам и не ти изјавувам љубов.
Па добро бе, зошто не ме изневеруваш?
Интересно. 



No comments:

Post a Comment