13. 07 2008
Уште нерасонета, слушам некое чиче како ми 'ркнува под прозорец.
И тоа јасен, кристален звук, ко слухов да ми работи како што треба само за тоа што нејќам да го слушнам.
И така убаво ми ја продупчи та и свеста, та и потсвеста, та и несвеста, што дури станав да го опишам.
Според интонацијата знам дека дотичниот би морал да има бар една избледена зеленкасто сина тетоважа од ЈНА и неиспеглана панталона.
Кој воопшто можеше да ми 'ркне под прозорецот, кога собата не ми е свртена кон улицата?
Осумдесетгодишното старче од комшилук кое сеуште си ја тепа сопругата-врсничка како да е некоја сицилијанска бујна бесрамница по чија сенка мажите од четирите кафани во градов подигаат статуи?
Се сомневам, таа крнтија ќе се појави на дневна светлина само ако чуе дека паѓаат долари од небото.
И на неговиот настап веднаш мораше да се надоврзе и ќоравата мачка која ми е станар во двор деновиве. Се разбира, ничија е, топка месо самостојна во дејствувањето по дивиот свет на моето маало, која признава господар само додека е гладна. Ја викам нуклеарка, и грижливо и ги исполнувам сите желудочни потреби.
Нели е одвратно?
Раката која те храни има право да те нарече ќора и чернобилски деформирана и никогаш нема да смееш да и се побуниш, оти тогаш ќе бидеш приморана да се грижиш сама за себе.
Тоа треба да го пишува во учебниците по природа и општество. Делува доволно инспиративно за да поттикне создавање и на доволен број млади исфрустрирани писатели со замаглен отсјај во очите но релативно чист ум, кои ќе не освежат со гласни дела, и на неколкумина неизбежни мекотели кои кариерите ќе ги посветат на усовршување на инструкциите за успешен г'золиз, кои ќе ги воведат како задолжително четиво за сите мачки кои ќе бидат доволно мудри да не туркаат ѕид со глава и понизно да се спријателат со раката.
Но ако се биде невнимателен и се остави вратата отворена, мачката ќе влезе.
Никогаш нема да размисли двапати и веднаш ќе влезе по својата судбина, а тебе раката посрамотено ќе ти мириса на леб.
Мислев да биде ова едно прекрасно и миризливо утро, со свежина ко на горите од бајките, директно од некое кладенче полно бистра вода со слој матна роса и удавени пајаци.
Но начинов на будење ми го исполни првиот денешен допир со реалноста со таква хармонична смисла, што за миг заборавив на целиот претходен план за денот, едноставно веќе небитен е.
Алал, мајсторе.

No comments:
Post a Comment