11. 07. 2008
..ги читав тие старите мисли.
во кои емоцијата е лава што капе од корењата во земјата,
од каде вулкан ја исфрла кон дното на небото, и таму исплакано чиста,
сама во себе заспива.
растејќи на црешови гранки, времето беше бавно.
ние скриени зад стрелките го издивнувавме тешкиот товар,
трепнувањата ни траеа по една топла есен.
на хартии сега го креирам минатиот нареден момент,
чувствувам како да се случи и оттогаш патува низ ѕидовите со мене,
ме скокотка како водата почвата;
а ќе се случеше,
да не беше толку привлечна мистиката на збогувањето..

No comments:
Post a Comment